Пијаното од култниот филм „Казабланка“ е продадено на аукција во Њујорк за 3,41 милион долари за само три минути во преполн театар. Портокаловото пијано со марокански мотиви бил главен експонат понуден на аукциската куќа Bonams меѓу 200 предмети од златното доба на Холивуд, вклучувајќи и 30-ина кои се однесуваат на „Казабланка“.
На продажба биле и фустани на Грејс Кели, Мерлин Монро, Џуди Гарланд и Рита Хејворт, елек од костум на Кларк Гејбл од филмот „Одвеано со виорот”… Исто така, биле понудени и десетина плакати, фотографии и потпишани сценарија.
Пијаното од „Казабланка“ немало почетна цена, но продажбата почнала со 1,6 милион долари и по три минути завршила со 3,41 милион долари. Пијаното било во сопственост на стоматолог од Лос Анџелес од 80-тите години на минатиот век и сега за првпат било понудено на аукција.