Унгарскиот пијанист Gergely Bogányi смело и авантуристички редизајнира еден од најпопуларните инструменти – пијано.
Видовме многу варијации во дизајнот на пијаното во текот на годините наназад, но овој инструмент не добил никогаш сериозен makeover уште кога Bartolomeo Cristofori di Francesco го измислил во 1700 година. Gergely Bogányi го претстави редизајнираното пијано, како предмет на 21 век, со храбар нов дизајн кој личи повеќе на летало од иднината отколку на нешто што би ја украсувало концертната сала како централен елемент. Наместо вообичаените три, ова пијано има само две ногарки, со што добива V профил.
Во прилог на овој иновативен дизајн, Bogányi Piano работи како и секој друг инструмент од ваков вид. Клавишите, чеканчињата и звучните плочи работат во совршена синергија и произведуваат чист, богат и волшебен звук. Ова ново пијано, во прилог на својата убава акустична елеганција, сега има и визуелен елемент кој дополнително ја разубавува целосната слика.