Цвеќарницата Blumenstudio во Отава концептот продавница за цвеќе со кафуле го разви до максимум.
Не само што ентериерот на цвеќарницата потсетува на домашен или станбен амбиент (софи, фотелји, маси, огледала, списанија… ), туку во рамките на продавницата функционира и кафуле.
Така, освен купување букет цвеќе, посетителот може да испие и еден филџан кафе.