Насловна / Вести / Пицеријата SIMÒ – 90 seconds to Napoli во Њујорк

Пицеријата SIMÒ – 90 seconds to Napoli во Њујорк

Отворена кујна и неаполска атмосфера се среќаваат во пицерија во Њујорк проектирана од архитектонското биро Büro Koray Duman.

6

SIMÒ Pizza за првапт е отворена во 2018 година од страна на готвачот роден во Неапол, Симоне Фалко и нуди неаполска пица и други јадења направени со висококвалитетни состојки. Ова е втор ресторан SIMÒ – 90 seconds to Napoli во Големото јаболко.

2

Новиот ресторан е сместена на University Place и го зафаќа приземјето на зграда од 19. век во која некогаш бил сместен познатиот хотел Алберт. Правоаголниот простор изнесува вкупно 130 квадратни метри.

Büro Koray Duman – со канцеларии на Менхетен и во Истанбул – имал за цел да проектира простор кој ги слави историските Њујорк и Неапол, истовремено отелотворувајќи ја мисијата на SIMÒ да биде автентична и пријатна пицерија. Дизајнот требало да биде и софистициран и гостољубив, пишува Dezeen.

4

„Проектот се фокусира на три концепти: готвењето како перформанс, наследството како модел и плоштадот како социјален простор“, велат од бирото.

Застаклен ѕид пружа поглед на светол и транспарентен локал. На предниот дел од просторот, тимот поставил отворена кујна која е инспирирана од традиционалните киосци на отворено во Неапол.

7

„Отворањето на погледот кон подготовката на храната им нуди на гостите шанса да се вклучат во готвењето“, велат архитектите.

„Дијагонална мрежа од светла ја осветлува кујната, дополнително засилувајќи ја референцата на општествените простори во дворот“.

9

Просторот за готвење е делумно оградено со ѕидови од обработено дрво со геометриски мотив базиран на логото на SIMÒ. Пултот за готвење е обложен со италијански зелен мермер.

Спроти кујната има високи полици направени од вулкански камен од Неапол – материјал кој обично се користи за фасади.

5

„Тридимензионалната шема на полиците поставени под агол му дава на просторот слој на текстура“, вели тимот.

Дополнителна текстура дава и лимениот таван на ресторанот и подот од мозаик плочки, кои се оригинални, затекнати во просторот.

3

Позади кујната сместена е трпезаријата, каде што е поставено седење направено од брезова иверица. Шарени тапети со мотиви од брашното Caputo му даваат интимно чувство на просторот.

Предвидени се и повеќе места за седење на отворено, каде кружните маси од кедар се опкружени со саксии со медитерански растенија и билки.

1 8

Испрати коментар

Scroll To Top