Престижната галерија „Гагосијан“ презентира своја петта изложба посветена на Пабло Пикасо. Оваа љубов започна во 2009 година, кога беше отворена изложбата Mosquetero, по што следеле уште три – една посветена на Пикасо и неговиот медитерански период (2010 година), односот на уметникот со Марија Тереза (2011) и со неговата љубовница и муза Франсоаз Жило (2012). Овој пат галеријата одлучила да го испита влијанието на фотографијата врз креативноста на уметникот.
Пикасо не е само што бил инспириран од фотографијата, туку медиумот активно го користел во создавањето на своите дела. Од раните години бил љубител на фотографијата и соработувал со големиот унгарски фотограф Брасај. Покрај тоа, Пикасо е веројатно најмногу фотографираниот уметник на 20 век. Неговите портрети ги правеле сите великани на фотографијата – Ман Реј, Ли Милер, Жан Кокто, Арнолд Њуман и други фотографски ѕвезди. „Гагосијан“ ќе се претстави со серија на ретки, досега необјавени фотографии од Пикасо, негови портрети, скулптури, цртежи, филмови инспирирани од овој медиум. Изложбата ќе трае до 3 јануари.