Иако како резултат на градежништвото како индустрија светот се соочува со бројни опасности по животната средина и екосистемите, сепак следниве градби означени како најскапи во историјата сведочат за инженерските подвизи на модерното време.
1. Меѓународната вселенска станица „Мир“
Инвестиција: 100 милијарди УСД
Станицата е заеднички проект на пет вселенски агенции (американската NASA, рускиот RosCosmos, европската ESA, јапонската JAXA и канадската CSA), и нејзината прва компонента е лансирана во 1998 год. Орбитира околу Земјата на височина од 330 до 435 километри.
2. Забавен парк „Ferrari World“
Инвестиција: 40 милијарди УСД
Овој забавен парк во Абу Даби (ОАЕ) се градел во периодот 2007 – 2015 година, и има пет возови на смртта со Ferrari тематика и уште десетици други атракции. Овде се наоѓа најголемото лого на Ferrari во светот.
3. Хидроцентрала „Три клисури“ – Кина
Инвестиција: 37 милијарди долари
Хидроцентралата е изградена во Кина на третата по должина река во светот – Јангце. Изградбата започнала во 1994 год., а централата е пуштена во работа под полно оптоварување во 2012 година. Има инсталирана моќност од 22500 MW, со што го држи приматот на најголема хидроцентрала на светот.
4. Меѓународен аеродром Хонг Конг
Инвестиција: 20 милијарди УСД
Граден е шест години и целосно е завршен во 1998 год. Во 2015 гоидина бил осми најфреквентен аеродром во светот.
5. Хидроцентрала Itaipu Бразил
Инвестиција: 16,9 милијарди УСД
Хидроцентралата се наоѓа на реката Парана на границата помеѓу Бразил и Парагвај. Градена е 13 години, во периодот 1971 – 1984 година. Има инсталирана моќност од 14000 MW и до изградбата на кинеската хидроцентрала била најголема на светот.
Во текот на изградбата на Itaipu бил потрошен бетон доволен за изградба на 210 стадиони како Маракана, и челик за 380 Ајфелови кули.
Извор: Telegraph