Насловна / Архитектура / Петоаголна белина во италијански пејзаж

Петоаголна белина во италијански пејзаж

Сјајни бели бетонски панели ја обложиле оваа викендичка со петоаголен план во Италија, проектирана од  миланското биро JM Architecture.

1

Куќата за одмор е наречена Pinwheel по својата препознатлива форма, која е решение на JM Architecture за „единственото барање“ на клиентот – да нуди поглед и на блиското езеро Маџоре и околните алпски долини.

8

„Додека истражувавме неколку опции на проектот за компактна куќа која би се вклопила на оваа мала парцела, сфативме дека ограничувањата на објектот и барањата на клиентот резултираа со едноставна геометрија во форма на петоаголник“, вели основачот на JM Architecture, Jacopo Mascheroni.

12

„Петте агли на зградата се заоблени за да се ублажи присуството на теренот и да се нагласи континуитетот на обвивката. Единствен прекин даваат нормално поставените перки на секој отвор на фасадата, давајќи му на павилјонот вртлив облик“, изјави тој за Dezeen.

10

Бетонското ниво на подрумот ја носи горната дрвена структура на Pinwheel, која е монтажна за да се минимизира времето за одржување и изградба поради оддалеченоста на локацијата.

9

Над приземјето, работната соба, кујната и дневниот просторот опкружени се со две спални соби и бањи. Скалите осветлени со кружен светларник поставен во центарот на куќата водат до подрумска кино соба и простори за складирање.

13

Секоја соба има единствен поглед на околниот пејзаж низ прозорците на четирите од петте страни на петоаголната основа, кои се заштитени од отсјај со испакнати алуминиумски перки.

4

Елегантната, бела завршна обработка на екстериерот се пренесува во внатрешноста на Pinwheel, со закривени, бело малтерисани ѕидови кои ги одвојуваат спалните соби од дневниот простор и кујната каде што има бели кабинети и мебел.

5

„Откако ја достигнавме формата на петоаголник како синтеза на ограничувања и барања, верувавме дека лесната, чиста и едноставна завршна обработка ја зајакнува чистата геометриска форма“, објаснува Mascheroni и додава: „[Тоа е] бел чакал што лежи во пејзажот, кој се вклопува и истакнува“.

3

Лизгачка врата во работната соба се отвора кон двор со бел чакал, засаден со дрво, осветлен ноќе со светилки и лента со светла што го обвива периметарот на домот.

Греењето и топлата вода во Pinwheel собезбедени се со топлинска пумпа, напојувана од мала фарма со фотоволтаици во близина.

11 8

2

14 6 7

Испрати коментар

Scroll To Top