Како дел од повеќегодишниот проект „Стратегија за одржлива енергија на Југоисточна Европа“, Аналитика тинк тенк, Еко-свест и Фронт 21/42, ги повикуваат македонските граѓани да ја потпишат петицијата за поттикнување на македонската влада, владите на земјите од Југоисточна Европа, како и Европската комисија, без одлагање, да го сторат тоа што можат и треба:
– Повеќе да инвестираат во енергетска ефикасност во домовите, со што ќе се помогне да се намали сумата на сметките за електрична енергија кои ја плаќаат граѓаните!
– Да се елиминира корупцијата во енергетскиот сектор, преку спроведување на истраги и судења кај случаите на корупција, што ќе поттикне нови и одговорни инвеститори!
– Да се донесат и исполнат целите за клима поставени од страна на Европската Унија, со нејзини финансии и поддршка!
Една работа треба да биде јасна дури и без пристапувањето кон ЕУ: која било влада што го сака најдоброто за своите граѓани, за нивното здравје, како и за економијата, ќе биде за спроведување на овие мерки, без одлагање.
Со својот потпис дадете поддршка за поголема енергетска ефикасност, намалување на корупцијата во секторот енергетика и доследна имплементација на целите на Европската Унија за клима и енергија.
Петицијата (македонски): http://analyticamk.org/en/events/506-petition-macedoniann
Петицијата (албански): http://analyticamk.org/en/events/505-petition-albanian