Насловна / Арт и дизајн / Петар Лубарда на Биеналето во Сао Паоло

Петар Лубарда на Биеналето во Сао Паоло

„Бев во Сао Паоло, ги прегледав сите павилјони и можам да ти кажам, без лажна скромност, дека немам многу силна конкуренција, одвојувајќи го Пикасо и понешто од него (сега сигурно се смееш како Лубарда станал вообразе!). Без шега, изгледаат многу добро, бидејќи првпат ги гледам вака комплетно изложени во еден соодветен амбиент…

ll

Откога сум во Рио, многу размислував за нашите уметнички прилики. Колку можности имаме, а колку малку ги користиме. Колку многу талент, и колку страв од новото. Зошто тоа, кога сме напредни во политиката… Зошто тогаш тој страв во уметноста каде фантазијата и имагинацијата не се само потребни, туку и неопходни! “

Ова е дел од писмото кое Петар Лубарда (Љуботињ, кај Цетиње, 1907 – Белград, 1974) го испратил на 2 декември 1953 година на неговиот голем пријател, познатиот југословенски ликовен критичар Ото Бихали Мерин.

sao

Тоа славно биенале во Сао Паоло во 1953 година, иако само второ по ред, влезе во историјата на светската уметност. На него се појавија најважните уметници од целиот свет. Франција ја претставуваше Пабло Пикасо со 51 дело, меѓу нив беше и познатата Герника. Англија ја претставуваше големиот Хенри Мур со 69 скулптури. Австрија 20 дела на феноменалниот Оскар Кокошка, Холанѓаните дела на Мондријан, Норвежаните дури 70 дела на Едвард Мунк …

Југославија ја претставуваше Петар Лубарда со 25 свои дела.

Интересно, Југославија на слични настани секогаш испраќала по еден претставник од секоја република. Овој пат, само Петар Лубарда ја претставуваше Југославија. Неговите дела беа изложени во посебен павилјон, а таа чест ја имаше уште само Пабло Пикасо.

best

„Фантастичен ѕeвер“

Лубарда ги изложи сликите; „Фантастичен ѕeвер“, пет слики со наслов „Композиција“, „Гавран“, „Вознемирено животно“, „Суво дрво“, „Птица грабливка“, „Гуслар“, „Бикот и неговата месечина“, „Пејзаж“,„ Одбрана “, „Во вселената“, „Оган“, „Медуза“, „Месечина“, „Ред“, „Трагедија“, „Ритам 1“, „Ритам 2“, „Карпи“ и „Борба“.

Лубарда беше исклучително забележан, што беше крунисана со една од трите главни откупни награди за сликарство. Сликата „Фантастичен ѕeвер“, со новото име „Besta Fantastica“ единствена остана во Бразил, каде што е откупена.

gus

„Гуслар“

Големиот англиски историчар на уметност, поет, литературен критичар и филозоф Херберт Рид, кој бил и член на жирито, изјавува дека Лубарда е вистинско откритие на Биеналето во Сао Паоло. А славниот англиски скулптор Хенри Мур, дека Биеналето не покажало ништо ново што светот не го познавал, освен Југославија и нејзиниот Лубарда.

Сликата „Besta Fantastica“ која Петар Лубарда ја насликал во Белград во 1953 година и која само неколку месеци подоцна е откупена на Биеналето, во Сао Паоло била само десет години. Потоа  доаѓа во сопственост на колекционерот Марко Барбезату од Лион, кој ја чувал неколку децении, но по неговата смрт во 1999 година, семејството ја оттуѓило сликата и оттогаш се губи секаква трага.

Во 2017 година се враќа во градот каде што е создадена, благодарение на колекционерите Душан Клепиќ и Владимир Крстоношиќ и сè уште е во приватна сопственост.

l1

„Зора над Белград“

lll

„Сонце и маслиново дрво“

l3

„Бој на Косово“

Испрати коментар

Scroll To Top