Насловна / Арт и дизајн / Пет светски убавини скриени на дното од морињата

Пет светски убавини скриени на дното од морињата

Францускиот магазин Le Figaro, открива пет неверојатни места, надвор од секоја туристичка понуда, кои ќе Ви го одземат здивот. Единствениот проблем да се видат во живо овие убавини е што тие се длабоко на морското дно. На листата се скулптури, споменици и цели градови од антиката.

Хераклион – потонатиот град, Египет

Се работи за град во близина на Александрија кој исчезнал, односно бил потопен со порастот на нивото на морето пред околу 1.200 години. Во овој град се наоѓал храмот во кој власта над Египет и била предадена на Клеопатра, а бил еден од најзначајните трговски центри во Средоземјето, пред да исчезне во денешниот Абукирски залив. Пронајден е во 2001 година, на оддалеченост од 6,5 километри од делтата на Нил, на дното од морето на длабочина од 45 метри и се претпоставува дека сите истражувања на оваа област ќе траат најмалку следните 100 години.

sunken-cities-bp-exhibition

Ши Ченг- градот на лавовите во Кина

Кога во 1959 година е формирано вештачко езеро за изградба на хидроцентрала, многу градби во долината на југот од Кина во близина на Шангај остануваат засегогаш под водата. Меѓу останатите и стариот град Ши Ченг познат уште како град на лавовите, кој е изграден од страна на династијата Хан околу 200 години пр.н.е. Градот се наоѓа на околу 40 метри длабочина, се уште е во добра состојба и покрај околностите.Underwater-City-Shicheng-China

Мистериозната пирамида Јонагуни во Јапонија

Оваа градба е случајно откриена од страна на локален туристички водич кој организирал нуркање во интересни предели, во 1985 година. Лоцирана е на длабочина од 75 метри и се состои од огромни блокови наредени еден врз друг по извесен распоред кој наликува на оној на египетските пирамиди. Оттука и името на ова здание за кое се претпоставува дека некогаш било замок или верски храм.

p

Античкиот град Павлопетри, Грција

Потекнува од бронзено време и се наоѓа четири метри под морето на крајниот југоисток на Пелопонез. Градот имал одвоени згради, улици па дури и гробишта. Бил напуштен некаде во осмиот век пр.н.е поради надоаѓањето на морето и оттогаш е под вода.

pavlopetri

Порт Ројал во Јамајка

Градот бил седиште на британската управа во почетокот на XII век во Јамајка. Бил исто така центар на трговијата во тоа време во Јамајка. Но, уништен е од земјотрес во 1692 година по што е потопен на дното од морето. Набрзо потоа улогата на центар на трговијата и другите дејности од тоа време ја презема Конгстон кој денес е главен град на Јамајка.

Port_Royal_ruins_underwater

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top