Летните температури и силното сонце можат да претставуваат опасност за растенијата во вашата градина и да го загрозат нивниот понатамошен раст. Сепак, со неколку трикови и совети, вашите цвеќиња и растенија полесно ќе ја издржат топлината, а дворот ќе остане беспрекорно уреден во текот на целото лето.
Боја на саксиите
Ако чувате цвеќиња во саксии, водете грижа тие да бидат светла боја. Се чини тривијално, но помага. Светлите саксии ја одбиваат сончевата светлина и апсорбираат помалку топлина, додека темните побрзо се загреваат и ја сушат земјата во саксиите.
Полевање
Редовно полевање е неопходно за растенијата да напредуваат, но полевањето во погрешно време може да им наштети на растенијата. Затоа е најдобро да се полеваат во одредено време – рано наутро кога сонцето е слабо или доцна навечер кога нема опасност од сончевите зраци да ги изгорат.
Ѓубриво со калиум
Калиумот е еден од најважните макроелементи во исхраната на растенијата бидејќи, меѓу другото, влијае на земањето вода од земјата и задржувањето на водата во растителното ткиво. Бидејќи калиумот во многу мал процент се наоѓа во земјата, пожелно е да се додаде во саксиите калиумско ѓубриво.
Кора од бор
Ставете парчиња кора од бор во саксиите: кората од четинари задржува вода, така што почвата ќе се исуши побавно и растенијата ќе имаат подолго пристап до вода.
Обезбедете им сенка на растенијата
Ако не го зедовте предвид движењето на Сонцето и изложеноста на растенијата на неговите зраци при планирањето на градината, сенка за чувствителните растенија можете да направите подоцна. Користете мрежи за засенчување или ставете друга лесна ткаенина што ќе ги ублажи сончевите зраци и ќе спречи сушење на растенијата.