Насловна / Арт и дизајн / Пет работи за Леонардо да Винчи кои можеби не сте ги знаеле

Пет работи за Леонардо да Винчи кои можеби не сте ги знаеле

Леонардо да Винчи (Leonardo da ser Piero da Vinci) е роден на 14 април 1452 година во близина на Винчи, а починал на 2 мај 1519 година во Амбоаз.

1 (1)

Многу историчари и научници го сметаат Леонард за пример за универзален гениј и тој нашироко се смета за еден од најталентираните луѓе кои некогаш живееле. Леонардо Да Винчи покрај слики зад себе остави повеќе од 6.000 страници кои може да се сумираат под форма на дневник. Пишувал списоци со неопходни намирници, правел скици, оставил записи кои сведочат за неговите душевни треперења… Еве неколку помалку познати интересни факти за неговиот живот

da-vinci-profile (1)

1. Бил вонбрачно дете

Да Винчи е роден во 1452 година во близина на регионот Винчи, во денешна Тоскана. Според повеќето податоци, неговиот татко бил нотар и земјопоседник Meser Pjero Fruozino di Antonio да Винчи, додека мајката на уметникот, Катарина, била селанка, можеби дури и роб во сопственост на таткото на Леонардо. Родителите на Да Винчи никогаш не се венчале, а Леонардо живеел со мајка му до својата петта година, а потоа почнал да живее со својот татко и неговата втората сопруга. Според записите на Леонард, тој одржувал површен контакт со својата мајка, но очигледно бил повеќе приврзан за својот татко, за чија смрт долго и длабоко жалел.

2. Бил необразован

Како и повеќето ренесансни уметници, Да Винчи не одел редовно на училиште, но се школувал дома, преку часови по латински, математика и геометрија. Како дете поминувал многу време надвор, восхитувајќи се на природата. Бил многу заинтересиран за својствата на водата и за птиците грабливки. Леонардо запишал дека неговото прво сеќавање е всушност сон во кој птица грабливка слетува на неговата глава и му ја става опашката во устата.

Подоцна, Леонардо заминал во Фиренца, каде што бил чирак кај Андреа дел Верокио, влијателен фирентински сликар. Се претпоставува дека Да Винчи тогаш го насликал „Христовото крштевање“, но дека неговиот учител е потпишан.

l

3. Многу од неговите дела се недовршени

Да Винчи бил исклучително бавен сликар и следствено на тоа, многу од неговите дела останале недовршени, вклучувајќи слики и пронајдоци. Исто така, неговите белешки и записи објавени се постхумно.

4. Бил уапсен

Кога имал 24 години, Леонардо со неколку мажи биле уапсени под обвинение за содомија. Но, обвиненијата биле отфрлени благодарение на сведокот кој се појавил, додека Да Винчи во дневникот напишал дека смета дека обвинувањата се несоодветни за човек кој својот живот го држи подалеку од очите на јавноста. Набргу по овој настан, сликарот отишол во Милано.

5. Имал војничка црта

Тој свртел нов лист во Милано, а неговиот план бил да се поврзе со Лудовик Сфорца, војводата од Милано. Требал да направи бронзена статуа на воен коњ, но Да Винчи планирал да направи и неколку воени справи заедно со статуата. Меѓутоа, проектот бил стопиран кога Франција ја нападна Италија во 15 век.

Испрати коментар

Scroll To Top