Насловна / Вести / Пет причини за премин од SF6 на воздух кај среднонапонските постројки

Пет причини за премин од SF6 на воздух кај среднонапонските постројки

Со развојот на нови енергетски капацитети, расте и потребата од изградба на среднонапонски постројки. Токму ваквата опрема дури и кај капацитети на обновливи извори на енергија, може да биде причина за неодржливост на целиот комплекс. Имено, кај среднонапонската опрема во голема мера е застапен гасот сулфурен хексафлорид (SF6),  вештачки произведен гас со висок потенцијал на глобално загревање. Сепак, електроиндустријата во последно време се повеќе посегнува по „чистите“ алтернативи на овој гас. Една од алтернативите е воздухот. Од 1970-тите па до денес, гасот SF6 е користен кај најголемиот дел високонапонски и среднонапонски постројки како изолатор или медиум з апрекин на напонот, без било какви токсични последици или проблеми со запалување. Во светот денес има инсталирано над 30 милиони среднонапонски постројки кои користат SF6. Но, од аспект на заштитата на животната средина, постојат неколку силни мотиви за премин на алтернативната технологија која користи воздух.

sf1

Воздухот е еколошки поприфатлив од SF6. Имено, SF6 има потенцијал на глобално загревање GWP (Global Warming Potential), 23.500 пати поголем од јаглерод диоксидот.

Воздухот не треба да се рециклира. Ова не може да се каже за гасот SF6, како ни з адругите вештачки создадени гасови. имено, кога опремата ќе го достигне својот век на траење, гасот бара посебно згрижување и рециклирање. Најчесто овие процедури воопшто не се спроведуваат, а станува збор за опасен отпад.

sf2

Воздухот е победничка алтернатива за SF6. Користењето на воздухот овозможува ист начин на работа, сигурност, но и помали димензии на опремата во споредба со традиционалната опрема базирана на SF6.

Воздухот е еколошко и сигурно решение. Воздухот е одговорна алтернатива и заштита на јавноста од потенцијалните здравствени и безбедносни ризици.

Воздухот нема проблеми со прописите. Многу компании превземаат мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови. Тие напори не се мотивирани само од желбата да се биде одржлив, туку и од притисокот на законите. Со воздухот такбвите проблеми се минато.
sf3

Испрати коментар

Scroll To Top