Сите кои се трудат да ги одржат во живот своите цвеќиња во текот на топлите летни денови знаат колку е лесно да се одгледуваат оние видови кои се отпорни на високи температури. Погледнете ги петте најубави видови растенија кои добро ја поднесуваат топлината и лесно можат да се одгледуваат како собни или градинарски растенија.
1. Plumbago auriculata
Видот „Plumbago auriculata“ расте многу брзо и цвета во текот на целото лето. Претпочита целосна сончева светлина и влага, како и добро дренирана почва. Овој зимзелен вид има прекрасни светло сини до сини цветови, често расте како ползавец и може да порасне до шест метри висина и три метри ширина во природа, но значително е помал кога се одгледува како домашно растение.
2. Salvia farinacea
Високите, густо збиени цветни стебла на „Salvia farinacea“ се карактеристични за доцната пролет во топлите региони на јужно Мексико и Тексас. Боите на цветовите варираат од темно виолетова до бела, и како и другите видови од истото семејство, и овој вид генерално е отпорен на штетници. Најдобро е да се одгледува во влажна, но добро дренирана почва на целосна сончева светлина или во делумна суша. Како домашно растение, во топлите денови му одговара целосна светлина, а во зима треба умерено да се полева. Расте многу брзо и цвета во лето и есен.
3. Zinnia elegans
Во природата расте до височина од 10 до 120 сантиметри, а лесно се одгледува од семе. Цвета од пролет до есен, а боите на цветовите варираат од бела и беж до розова, црвена, виолетова, зелена, жолта, кајсија, портокалова, бронзена. Лесно се одгледува и брзо расте, им одговара добро дренирана почва со многу сончева топлина. Најдобро растат во топли и суви услови, без мраз, па со овие услови успешно се одгледуваат и во затворени простории.
4. Brugmansia varieties
Кога се во полн цут, „Brugmansia varieties“ имаат форма на труба и апсолутно се импресивни, па не е ни чудо што се познати и како „ангелски труби“. Овие висечки цветови привлекуваат внимание и, во зависност од сортата, можат да достигнат висина и до 30 сантиметри. Овој вид обожува суви и сончеви места, а неговите различни сорти имаат цвеќиња во разни бои и нијанси, кои имаат едно нешто заедничко – многу интересен цвет.
5. Petunia
Родот Petunia има 35 видови, а кај нас многу се одгледува како собно цвеќе и во градина. Петуниите растат од 15 до 60 сантиметри и многу се отпорни на временските услови. Отпорни се на високи температури и сува почва, ниска влажност, но и на влажна почва. Младите растенија лесно се одгледуваат од семиња, а својот врв на раст го достигнуваат во доцна пролет. Ѓубрење еднаш месечно ќе му помогне на растението да расте побрзо.