За заштита на сливот на реката Врбас ќе бидат издвоени пет милиони долари, речено е при претставувањето на нацрт проектниот документ „Интегрирање на климатските промени и намалување на ризиците од поплави во сливот на Врбас“. Министерката за просторно планирање, градежништво и екологија на Република Српска, Сребренка Голиќ, притоа истакна дека првите две компоненти од проектот се однесуваат на правните основи со кои климатските промени и ризиците од поплави би се интегрирале во земјоделството, управувањето со водите и просторното планирање.
Исто така, тоа подразбира и изградба на капацитетите на домашните институции во областа на хидро-метеоролошките следења, хидро-динамичкото моделирање и предвидување на климатските промени, како и изработка на база на податоци за анализа на хидрометеоролошките и другите различни појави и настанатите штети.