Насловна / Архитектура / Пет инфраструктурни проекти – градежна револуција во 2017 година

Пет инфраструктурни проекти – градежна револуција во 2017 година

saudi-metro

Нанхуи нов град (Nanhui new city)

Nanhui New City-1

Ова е уште едно кинеско градежно мега-дело и најимпресивен проект, бидејќи подразбира изградба на нов град од темел во радиус од околу 120 километри, при што е предвидено да се вдомат 800.000 луѓе и да се привлечат годишно околу 10 милиона туристи. Овој град кој се конструира од нула, е сместен околу вештачко кружно езеро во областа Пудонг која е нов дел на Шангај. Претходно бил познат како Линганг нов град, но во април 2012 г. е преименуван во Нанхуи нов град. Конструкцијата на овој кружен град започнала во 2013 година и официјално треба да биде завршен во 2020 година, но со оглед на развојот на работите, оваа година се очекува прво придвижување односно вдомување на првите станари на мега-градот. Целиот град, од куќа до куќа, од зграда до зграда и останати содржини, е дизјаниран од германскиот архитект Геркан, од студиото „Марг и партнерите“. Градот е сместен на полуостров во заливот Хангзу, помеѓу реките Јангце и Киантанг. Затоа и најголем дел од градот гледа кон океанот. Овој град се смета за мини Хонг Конг и за да се разбере комплетно неговата големина, треба само да се каже дека се развиваат и градат осум универзитетски кампуси на западниот дел кои ќе донесат повеќе од 100.000 студенти. За завршување на изградбата на новиот град, Кина издвоила 5,6 милијарди долари. Според дизајнот, градот се прави во три концентрирани кругови од кои најинтересен е оној до брегот, кој вклучува и вештачко езеро околу кое оди патна обиколница од 2,5 километри. За потребите на проектот, раселени се два милиони луѓе од кои 70.000 фармери, а креирана е голема градежна површина во самиот океан.

Метро систем во Ријад, Саудиска Арабија (The Riyadh Metro)

The Riyadh Metro, Saudi Arabia-1

Ова е проект на Суадиска Арабија вреден 23,5 милијарди долари, кој ќе овозможи конструкција на метро систем во метрополата и главниот град Ријад. Околу 120 километри метро тунели ќе бидат изградени, вклучително и главна метро станица чиј творец е Заха Хадид. Имено, за период од десет години се очекува популацијата на Ријад да се зголеми од 6 на 8,5 милиони луѓе. Ова бара комплетно функционален метро систем за подобро сообраќајно функционирање. Проектот започнал да се реализира во јуни 2013 година од три глобални конзорциуми од кои главниот е од САД и тој доби 10 милијарди долари за реализација на проектот. Официјалниот старт на градежните активности почна една година подоцна. Проектот се предвидува да заврши во декември 2017 година, а веќе од новата 2018 и официјално да започне користењето на проширениот метро систем со новата хаб станица. Метро системот ќе се состои од шест линии, а ќе се воведе и автобуски превоз како дел од новото транспортно претпријатие кое ќе го презеде функционирањето на јавниот превоз во Ријад.

Мост „Хонг Конг-Зухаи-Макао“ (The Hong Kong-Zhuhai-Macau Bridge)

The Hong Kong-Zhuhai-Macau Bridge-2

Ова е еден од најамбициозните проекти на Кина во која партнер е Макао, а обединува три града во Кина, на реката Перл. Мостот е главниот фактор кој овие три града ќе ги обедини во еден мегаград од неверојатни 42 милиони жители. Проектот се состои од серија мостови и тунели кои ќе го премостат каналот Лингдигјанг со што ќе се поврзат Макао, Хонг Конг и Зухаи кои се три главни града на делтата на реката. Последниот тунел е завршен на 2 мај годинава. Врската која е долга 50 километри се очекува на крајот да чини 10,6 милијарди долари или над три македонски национални буџети. Најдолгиот дел од мостот е 29,6 километри со три столбови на растојание од 280 до 460 метри. Конструкцијата на мостот официјално започнала на 15 декември 2009 година, а последната кула за мостот била подигната на 2 јуни 2016 година. Последниот сегмент од 4 километри долгиот тунел бил инсталиран на 12 јули 2016, а во октомври годинава мостот ќе биде отворен за сообраќај, додека официајлната промоција ќе биде во декември 2017. За време на неговата изградба која трае 8 години, загинаа девет лица, а околу 600 лица беа полесно или потешко повредени.

Пловечки тунели во Норвешка (Floating tunnel)

Floating tunnels Norwey-2

Станува збор за уникатен проект за изградба на комплетна структура и систем на пловечки тунели во Норвешка. Западната страна на оваа земја се состои од 1190 фјордови кои се прекрасни, еден вид нациоанлно богатство, но и доста тешки за патување. Заради конфигурацијата, за патување од Кристинасанд до Трондхајм потребни се 21 час и дури седум преминувања со фериботи. За да се олесни патувањето, Норвешки патишта лани почна проект за изградба на пловечки тунели под водата, кои ќе бидат потопени во Норвешкото Море и ќе чинат 25 милијарди долари. Веќе се коснтруирани првите адаптивни-закривени тунели во должина од 1300 метри кои ќе бидат потопени 20 метри под нивото на морето. Во основа, секоја од овие закривени тунелски цевки ќе се постават и спојат помеѓу фјордовите, со што ќе се овозможи комплетно подводно поврзување на споменатата релација. Ваков тип на пловечки тунели за првпат се градат во светот. На двете страни ќе влегуваат и излегуваат од карпите под водата, а преку специјални пловечки конструкции, овие цевки ќе бидат придржувани и балансирани. Според студијата, нема да има никаков проблем при патувањето, бидејќи за возачите ќе биде исто како да возат низ обичен тунел. Доколку се појават проблеми и преголеми зони, предвидено е и конструкција на мостови со цел да се даде цврстина и стабилност на пловечките тунели. Првите пловечки тунели се инсталирани на почетокот на оваа година, а завршувањето на проектот ќе биде во следните неколку години.

Обнова на Истанбул (Turkey Urban Renewal Project).

proekt Turcija-3

Проект за урбана модернизација на Истанбул (Turkey Urban Renewal Project) е идеја, процес или проект, што се реализира веќе 20 години во метрополата Истанбул заради што беа срушени околу седум милиони градби со цел да се изгради комплетен дел од градот, кој ќе ги спои старото и новото, но и ќе овозможи нивна издржливост од земјотрес. Проектот официјално ќе заврши на крајот на 2017 година, досега лапна 400 милијарди долари и е можеби најскапиот проект во историјата на Турција. Иако вредноста е голема, заради распонот од две децении, овозможува државата да не чувствува толку голем финансиски товар за реализација на проектот. При крај е изградбата на околу 790 нови објекти, згради, куќи, канцеларии и друго на површина од 25.000 м/2 која покрива девет блокови на Истанбул. Со оглед на вложеното, цената на еден квадратен метар од деловниот простор во новиот обновен дел на Истанбул ќе чини 7.500 долари. Секако, тоа можеби изгледа скапо за нас, но според статистиката, оние што ќе купат ќе можат да се пофалат дека имаат имот кој вреди злато, бидејќи просечниот квадрат во Истанбул е 6.500 долари, што значи ова е прилично ниска цена за еден таков модерен проект. Од сите содржини, 10 проценти отпаѓа на деловниот простор, а ќе може да се закупи површина од 63 до 630 кавдратни метри. Најударна е авенијата Тарлабаси, која ќе биде комплетно нова и модерна улица по теркот на Париз или Њујорк, со модерни транспортни решенија, ресторани, бутици, хотели и друго.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top