Борбата за здрава животна средина со себе донесе многу идеи и производи кои на прв поглед ветувале но подоцна разочарале со слабиот интерес кај јавноста. Но, постојат и трендови кои сепак опстанаа во надеж дека нè очекува позелена иднина. Ова се петте еко трендови на кои сè уште би требало да се надеваме:
1 Електричен автомобил – пред само неколку години прогнозите беа лоши. Но, денес компанијата „Тесла“ држи пазар од 33 милијарди долари.
2. Соларна енергија – цените на фотоволтаиците паѓаат и оваа енергија станува поконкурентна, и го презема приматот од енергијата на ветерот.
3. Велосипед – Амстердам и Копенхаген се пример за многу други градови да ја адаптираат инфраструктурата за потребите на велосипедистите. Сега е тренд градовите да се bike-friendly.
4. LED светилки – долготрајни, не содржат жива и не се лесно кршливи. Се наметнуваат како вистинско решение пред останатите штедливи светилки.
5. Зелени медиуми – една од најзначајните промени е односот на медиумите кон животната средина. Сè повеќе медиуми објавуваат еколошки вести, а пред 10 години тоа беше неинтересна тема.