Насловна / Вести / Пет едноставни начини растенијата да го преживеат вашето патување

Пет едноставни начини растенијата да го преживеат вашето патување

Кога планираме патување, една од главните грижи е што ќе се случи со работите што ги оставаме дома, особено со растенијата на кои им е потребна постојана нега. Со напредокот на технологијата, достапни ни станаа различни решенија, како паметни полици кои се грижат за самите растенија, но доколку сте од оние кои не сакаат да вложуваат многу пари во технологијата, ви предлагаме едноставни и евтини решенија кои ќе им помогнат на растенијата да го преживеат вашето отсуство.

1. Подлога од камења

2

Најдете стар послужавник и наредете слој од камења во него. Истурете вода речиси да ги покрие камчињата и наредете ги саксиите со перфорирано дно на послужавникот.

2. Шишиња

3

Користете стаклени или пластични шишиња како резервоари за вода од кои растенијата ќе добиваат вода. Ако користите стаклено шише со вино, добро исплакнете го и наполнете го со вода. Стоејќи до садот, брзо превртете го шишето и закопајте го најмалку десет сантиметри во земја, веднаш до растението.

Сличен систем за наводнување е и со помош на пластично шише. Прво земете пластична капаче и пиздупчете го на две или три места. Наполнете го шишето со вода и затворете го капачето и на крајот закопајте го до растението свртено надолу.

3. Мокра крпа

4

Ставете крпа во када или мијалник и натопете ја со вода. Потоа наредете ги саксиите. Растенијата нежно ќе црпат вода од крпите низ дупките на дното на саксиите.

4. Стари весници

5

Ако немате стари крпи и не сакате да жртвувате нов, можете да го обложите мијалникот или послужавникот со натопени весници.

5. Канап или крпа

6

Еден од начините растенијата „сами“ да се наводнуваат на е со користење на памучни ленти. Наполнете садот со вода и ставете го во близина на саксијата, да биде малку подигнат во однос на неа. Во садот ставете го едниот крај од канапт или стара крпа (која претходно сте ја исекле на ленти и сте ја извиткале), а другиот крај закопајте го во саксијата. Памукот лесно ќе ја апсорбира водата и ќе ја спроведе до вашите растенија.

Саксијата можете да ја поставите и веднаш над садот, канапот да го закопате и низ дупчињата да го пуштите во водата.

1

Испрати коментар

Scroll To Top