Во рамките на Саемите за градежништво и недвижности, а по повод 8 Март, ден кој ја слави борбата за правата на жената, Скопски саем издвои пет жени од сферата на градежништвото, со цел да им оддаде простор за признание. Па така, на последниот ден на саемските манифестации беа врачени петте признанија на пет дами кои оставиле значаен белег во изминатите години во областа на градежништвото. Добитнички на признанијата станаа Радојка Дончева, Олгица Стокуќа, Марјана Поповска, Јана Гугуловска–Ѓорѓевиќ и Драгана Чифлиганец.
Во образложението на Скопски саем се вели: „Нив ги издвојуваме од една страна како пионери и заговорници на градежниот шлем во женска форма, а други пак поради признанија и проекти кои се значајни во кратката македонска историја на македонската жена градежник. Градежништвото иако често перципирана како „машка“ професија, но трендот во Македонија говори дека тоа се стереотипи кои треба да се надминат. Не само овие пет дами, стручњаци, професионалци, туку и многу други проектанти, инженери, машинци, се припадници на понежниот пол. Статистиката покажува и дека се повеќе има студентки на градежните факултети, што е знак дека се уриваат сите предрасуди и дека жената „машки“ излегува на терен“.
Cccc,kolku samo ova ne se najdobrite pet dami vo gradeznistvoto,sramota i bruka za onie zeni sto navistina go zasluzuvaat ova priznanie.