Пештерата Врело на Матка ќе се осветлува. Советот на Град Скопје одобри еден милион денари за осветлувањето на внатрешноста на пештерата, што претставува една третина од вкупната вредност на проектот, кој е поддржан од Бирото за регионален развој.
Носител на проектот за осветлување ќе биде Центарот за развој на скопскиот плански регион.
Досега беше осветлен дел од прештерата со струја од агрегати и на посетителите не им беа откриени сите нејзини убавини.
Град Скопје неколку години се обидува овој локалитет да го направи главна туристичка понуда на градот.