Новиот мост во Прага преку реката Влтава создава директна врска меѓу центарот на градот и островот Штванице. Проектиран од Bridge Structures и Blank architekti, овој пешачки мост е креиран како елегантна структура која се прилагодува на ефикасното движење на пешаците и велосипедистите. Неговата малку заоблена конструкција се вклопува во протокот на сообраќај и се претопува во околината, нурнувајќи се во пејзажот на Прага.
Меѓутоа, она што го прави овој мост долг 300 метри и широк пет метри особено интересен е неговата способност да се движи вертикално.
Мостот се потпира на насипи и столбови, а кон брегот на островот, со третиот „крак“, нежно се спушта како рампа, имитирајќи го работ на брегот.
Крајниот распон на пешачкиот мост од страната на Холешовице се спушта со цел непречено и без препреки да се поврзе со новиот пат на насипот.
Хидраулика го подига мостот три метри
Мостот е проектиран така, што во случај на поплавување, нивото Q1000 може да се подигне со помош на хидрауличен механизам.
„Конструкцијата би требало да трае 200 години без никакво одржување. Друга особеност е неговата врска со насипот Бубни. Последниот дел може да се подигне вертикално. Во Холешовице има хидрауличен механизам во столбот кој овозможува целиот мост да се подигне за три метри во случај на поплави“. – изјави архитектот Петр Теј за Радио Прага.
Изграден од бетон појачан со влакна со високи перформанси (UHPFRC), мостот има полирана завршна обработка, која потсетува на сјаен бел мермер.
Главната носечка конструкција е армирано-бетонска греда со надолжно преднапрегање и попречен пресек во форма на буквата H.
Конструкцијата се состои од две целосно затворени бочни парапетни греди со средна плоча на трупот на мостот, која го прима товарот од попречните ребра.
Што се однесува до изградбата и монтажата, мостот е сегментен, а целата структура се состои од 57 монтажни компоненти.
Ѓаволот е во деталите
Декоративните бронзени рачки со фигурални животински мотиви на краевите на конструкцијата ги изработил скулпторот Алеш Хвиздал, додека влезот на островот Штванице го краси фигурална скулптура на вајарот Јан Хендрих, наречена Река.
Мостот е отворен во 2023 година и веќе стана многу популарен меѓу жителите на градот и посетителите на чешката престолнина кои го користат како нова пешачка магистрала.