Насловна / Вести / Пешачки мост од дрво кој може да се постави за само неколку часа

Пешачки мост од дрво кој може да се постави за само неколку часа

Drift е иновативен пример на урбанизам plug-and-play, одржлива и достапна стратегија за дизајн која предлага изградба на инфраструктурни елементи вон локацијата и нивно поставување на предвиденото место. Овој иновативен дизајн опфаќа јавна уметност, урбан дизајн, архитектура и инфраструктура.

4

Од една страна, тоа е проект управуван од заедницата, специфичен за локацијата, создаден за да ја премости физичката поделба (поток) помеѓу двете половини на населбата и нивните соодветни системи паркови. Од друга страна, користените техниките за изработка и вградување може да се применат во широк спектар за заедници и случаи на употреба.

10

1

Во текот на процесот на проектирање, дизајнерот Волкан Алканоглу имплементирал три централни принципи на дизајнот: користење одржлив материјали кои во исто време го минимизирал влијанието врз природната средина; намалување на трошоците на проектот преку иновативен дизајн и проектна логистика, и на крај – создавање чувство на припадност и поврзување на заедницата.

2

Во зависност од сезоната, коритото се движи од сад со проточна вода до сув базен исполнет со дрво и исечени растенија. Овој процес на трансформација ја иницирал палетата на материјали и формата на мостот, кој сега наликува на мазна, закривена гранка или наклонета свиткана даска, која надвиснува над потокот и обезбедува пешачка врска помеѓу двата дела на населбата.

3

Кога мостот се гледа од други агли, се добива впечаток дека всушност станува збор за брод со конвексен долен дел и вдлабнат труп кој содржи патека, клупи и огради. Сите овие елементи се вградени во една форма, каде што неправилните бранови и кривини се проектирани за седење и поддршка. Заедно со вградените клупи, Drift станува простор за размислување, рекреација и комуникација, а не само механизам за поминување или пронаоѓање пат.

9

Додека Алканоглу првично ја замислувал изработката на мостот исклучиво од вкрстено ламинирано дрво, буџетските ограничувања поттикнале поинаква, но подеднакво иновативна стратегија. Земајќи ги предвид техниките на бродоградба, тој и тим инженери почнале со челична арматура, но отстапиле од традицијата обложувајќи ја со CNC исечени и мелени дрвени даски – производ на компјутерски дизајн. На овој начин, секоја табла се сече по мерка, а потоа се ламинира во една голема, брановидна форма.

Иновативно, оригинално, и пред се практично решение кое овозможува подобро поврзување на луѓето.

7

8

5

6

Испрати коментар

Scroll To Top