ЈП за државни патишта денеска во населеното место Батинци ќе пушти во употреба пешачка патека и осветлување.
Патеката и осветлувањето се од крстосницата пред населбата Драчево кон Марков манастир, пред влезот во село Батинци.
На настанот ќе присуствува директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски.