Насловна / Вести / Персонализација на греењето и осветлувањето во работниот простор

Персонализација на греењето и осветлувањето во работниот простор

Архитектонската фирма Carlo Ratti Associati (CRA) опреми една деловна зграда со сензори, со цел осветлувањето и греењето во неа се регулираат автоматски во реално време, во склад со потребите на вработените. Не само што „Office 3.0“ ќе обезбедува подобри услови на комфор, туку значително може и да ја намали потрошувачката на енергија.kancelarija anjeli_2

„Денес, многу енергија непотребно се троши на греење или ладење на празни згради“ вели основачот на CRA  Carlo Ratti. „Со синхронизација на потрошувачката на енергија и присуството на луѓе во објектот, може да се создаде поодржлива и поодговорна архитектура, теоретски намалувајќи ја потрошувачката на енергија и до 40%.“

Office 3.0 не е прв чекор на  CRA во Internet of Things. Неговиот неодамна дизајниран Lift-Bit модуларен систем на седишта им овозможува на корисниците да ја прилагодат висината на модулот според себе, користејќи го својот паметен телефон. Исто како и Lift-Bit, така и  Office 3.0 овозможува условите во објектот да се прилагодуваат на потребите на поединецот.kancelarija anjeli_1

Сместен во седиштето на  Agnelli Foundation во Торино, Италија, системот ќе се базира на податоци собрани на ниво на зафатеноста, температурата и концентрацијата на CO2 со помош на сензори инсталирани во објектот. Системот управува со енергијата во зградата, односно осветлувањето, греењето, ладењето и сл. според потребите во секој момент.

Со помош на мобилна апликација, поединци ќе бидат во состојба да подесат соодветна температура по желба, и интерниот систем на позиционирање кој во CRA го опишуваат како сличен на GPS, потоа ќе ги следи корисниците додека се движат низ објектот и ќе ја прилагодуваат околината на условите кои тие ги задале. Кога системот ќе препознае дека одредена соба е празна, се поставуваат условите за режим на мирување со што се штеди енергија. Системот, исто така, брзо ќе ги научи потребите на станарите и во текот на времето ќе поставува услови кои обично се бараат во одреден период и на одредена локација.kancelarija anjeli_3

Системот нуди и опција за реконфигурирање на одредена канцеларија кога е тоа потребно. Подвижни стаклени ѕидови, завеси кои апсорбираат звук и монтажни прегради се вклучени во дизајнот за оваа посебна намена, која овозможува големиот океан простор за кратко време да се претвори во повеќе засебни канцеларии со различни микроклиматски услови.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top