Вeчерва во Кино Култура, во рамки на „Викенд на гордоста Скопје 2016 (Skopje Pride Weekend 2016)“, е најавен перформанс на уметницата Борјана Роса, со наслов „Во фокус: Внатрешноста“.
Борјана Роса е интердисциплинарен уметник и куратор во областа на електронскиот филм, перформансот, видео и фотографија. Повеќето од нејзините перформанси и други дела се прикажувани и изложувани на многубројни фестивали и галерии во Европа и САД.
Во 2004 година, заедно со рускиот уметник и режисер Олег Мавромати, ја основа UTRAFUTURO – меѓународна група на уметници кои работат со технологија, наука и други социјални импликации. Нејзините перформанси и видеа се дел од меѓународни уметнички архиви. Добитник е на престижната награда „Одбрана литература за писатели за уметност“ на Институтот за современа уметност, Софија, за 2008 година.
Со ова дело Роса ѝ оддава почит на Кароли Шнеман и нејзиното дело „Внатрешен свиток“ (Interior Scroll), веројатно нејзиниот омилен и највлијателен уметнички перформанс, суштински за сексуалната револуција од минатиот век на Западот. Како уметник од Источна Европа, Роса има поинаква историја и потекнува од поинаква генерација – израсната во време на брзиот технолошки развој во 90-тите години кои создадоа ново тло населено од мизогинија и феминизам, како на пример виртуелниот простор и пластичните операции, и со тоа се создадоа нови контрадикции чие разрешување налага поинаков пристап.
На настапот ќе го носи амазонскиот градник (Amazon Armor Bra) – силиконски градник кој ги покажува нејзините лузни од мастектомијата, а текстот што ќе го чита се разликува од поклонението на вагината на Шнеман, во обид да го осовремени перформансот.