Куќата под името Two Pavilion House, се состои од два посебни двокатни дела кои се поставени еден зад друг, и кои се поврзани со ходник со горното ниво. Се работи за дом на една брачна двојка архитети со сериозно искуство. Неодамна тие купиле земјиште кое било вистински предизвик за нив во поглед на нивната професија. Имено, тесниот блок на северот на Австралија, ги натерал на размислување што всушност сакаат од својот дом. Исходот од тоа нивно размислување и проектирање е флексибилен дом кој користи тенок профил со цел спротивставување на субтропската клима. Оваа конфигурација овозможува продирање на природна светлина и проток на воздух во објектот.
„Проектот за куќата е одговор на суптропската клима која владее во Бризбејн. Се погриживме за вкрстена вентилација, со поставување на отворите,односно вратите и прозорците едни наспроти други, како и отвори на надворешните ѕидови со цел помагање на системот за климатизација. Избравме дрво како материјал, со цел да заштедиме на трошоци, да бидеме еколошки свесни, но и од аспект на акустиката, бидејќи сме многу блиску до железничката пруга“ велат архитектите.
Two Pavilion House е изградена прилично брзо, во период од само пет месеци.