Некои теми на бои се карактеристични за класиката, додека пак други имаат повеќе авантуристички пристап. Овој дом има креативна палета од разиграни комбинации на бои со светол акцент, главно дијамантни тонови во комбинација со неколку пастелни бои.
Темносивата и дрвото даваат една неутрална заднина на која овие свежи бои доаѓаат до израз, и нивниот ентузијазам е впечатлив.
Овој дом се простира на вкупно 110 м2 и е дело на архитектот Иван Јунаков.
Се состои од полуотворена дневна соба и кујна надополнети со две спални соби од кои се пристапува преку ходникот. Животниот простор се одликува со употреба на светли природни бои – сина, жолта и маслинесто зелена.