Компанијата „Тесла“ објави дека им нови резервации за електричниот камион – шлепер, кој е претставен во средината на ноември. „Пепси“ е првиот купувач со нарачка од 100 камиони Tesla Semi. Досега најголемата поединечна нарачка изнесувала 50 возила, а купувач била корпорацијата Sysco која се занимава со дистрибуција на храна. Што се однесува до компанијата „Пепси“, тие во САД поседуваат близу 10.000 камиони, па со купувањето на Теслиниот модел, 1% од нивната флота ќе биде на електричен погон. Основната верзија на овој камион има автономија во возењето од 480 km и чини 150.000 УСД. За оние на кои им е потребен камион за нешто подолги релации, на располагање е Tesla Semi кој со полни батерии може да мине 800 km. Оваа верзија се продава по цена од 180.000 УСД.