Џенифер Лопез ниту после 4 гдини, колку што се нуди на пазарот, не може да го продаде својот пентхаус во Њујорк, за 25 милиони долари. Таа веќе бара нов дом во Калифорнија, но и натаму нема среќа да најде купувч за оваа своја недвижност. Купена е во 2014 година за 20,16 милиони долари, но брзо увидела дека иако с енаоѓа во одличен крај, не пружа доволно приватност за суперѕвезда. И покрај луксузот и локацијата, зградата од 1924 година нема гаража ниту базен, иако има приватни лифтови. Самиот стан има високи тавани од околу 4 метри, и 600 метри квадратни расположив простор, со дполнителни 280 метри квадратни на четирите тераси.