Насловна / Вести / Пентхаус во кула во Њујорк, проектирана од Ричард Роџерс

Пентхаус во кула во Њујорк, проектирана од Ричард Роџерс

Oвој пентхаус е претставен во првиот станбен објект на британското архитектонско биро Rogers Stirk Harbour + Partners (RSHP) во Њујорк: кула со поглед на паркот City Hall Park во Менхетен.

10

Со ентериери од локалното биро Ash Staging, Пентхаус 3 е една од 30-те резиденции во рамките на No 33 Park Row, која e проектирана од починатиот основач на RSHP, добитникот на наградата Прицкер, архитектот Ричард Роџерс, пред неговата смрт во 2021 година.

00

Од врвот на кулата од 23 ката, пентхаусот со површина 502 квадратни метри има непречен поглед на паркот Менхетен и има челични рамки со темна боја наменети да упатуваат на зградите од индустриската ера во областа.

1

Низ огромните прозорци видливи се бакарните перки на зградата, архитектонски елемент сличен на претходните станбени згради на бирото како што е One Hyde Park во Лондон.

„One Hyde Park и 33 Park Row свртени се кон парк на север и имаат сличност во смисол на аспирациите и квалитетот со внимателно компонирани фасади кои покажуваат богатство од длабочини, сенки и текстури“, изјави за Dezeen, партнерот во бирото, Graham Stirk, кој работел на зградата заедно со Роџерс.

2

Ентериерот на пентхаусот има дневен боравок со двојна висина што се обвиткува околу огромните прозорци свртени кон север и обликува L форма.

Два простора за седење со големи димензии се поставени на двете страни на трпезариската маса за десет лица во аголот, додека соседниот дел за бар може да се скрие зад преклопна врата.

7

Над сивата кујна од мермер се наоѓа голем ѕид за складирање и излагање обложен со дрво што се протега сè до таванот, со високи полици достапни преку скала на тркалца, како и ходникот на меѓукатот.

Метални скали со стаклени огради се извиваат околу закривената платформа за да стигнат до горното ниво, каде што на балконот со стаклени рабови се наоѓа работниот простор.

3

0

Сите пет спални соби имаат високи тавани, но украсени се со различни детали. Едната е целосно со неутрални тонови, додека другата има бледо сини ѕидови, сини тапацири и тепих и бакарни столни ламби.

4

Во бањите, ѕидовите и подовите се обложени со мермер Montclair Danby богат со капилари, а терасата има дрвен под.

Жителите на пентхаусот ќе имаат пристап и до погодностите сместени на петтиот кат, кои вклучуваат внатрешен/надворешен фитнес центар и студио за јога, надворешна кујна и трпезарија, како и тераса на покривот, библиотека, студио за занаетчиство, сала за проекции и остава за велосипеди.

000

9 8 5

 

Испрати коментар

Scroll To Top