Насловна / Вести / Пентхаус во Белград на вода: Леснотија на луксузен дизајн

Пентхаус во Белград на вода: Леснотија на луксузен дизајн

Пентхаус на две нивоа во зградата Terraces во Белград на вода, е место со убав поглед и многу простор за удобна организација на станот. Проектот за ентериерот го потпишува белградското проектантското биро BAAL Design.

6

Клучниот момент во развојот на проектот за ентериерот на пентхаусот, според архитектите била целосната слобода во креирањето што им ја дал клиентот. Секако, на ова претходело јасно дефинирање на насоката на проектот и договор за промени во функционалната организација на просторот, со што станот е прилагоден на потребите и желбите на сопственикот.

1

Структурата на станот е дуплекс, се состои од две нивоа кои сочинуваат две целини – дневна и ноќна зона на станот.

Долното ниво, дневна зона со отворен простор содржи дневна соба и трпезарија, потоа кујна, гостински тоалет и техничка просторија.

2

Целосно одвоена кујна се наоѓа на место кое првично било наменето за спална соба. Елегантната кујна е дизајнирана во антрацитно сиви и смирувачки зелени тонови, надополнети со стаклени површини и мермерен дезен.

3

Во дневната зона, како и во гостинскиот тоалет, вниманието го привлекува исклучително декоративниот паркет кој внесува уникатна убавина и топлина во просторот. Паркетот Listone Giordano, според проектантите, е еден од најнеобичните типови на паркети што имале можност да го постават.

Со атрактивен самостоен мијалник во комбинација со славина што излегува од таванот, гостинскиот тоалет е вистинско изненадување и дизајнерски пресврт. Луксузни материјали и текстури, ефективно осветлување и големи рефлектирачки површини, со скулпторски мијалник како централна точка, даваат моќно искуство на врвен луксуз.

4

Горното ниво, сега ноќната зона на станот, значително е трансформирана со овој проект. Со целосно рушење на трите постоечки соби, создаден е простор за мастер апартманот со концептот отворен простор, кој се состои од спална соба, гардеробер и бања со када од која има магичен поглед на реката и Кулата Белград.

5

Во ентериерот доминира палета на земјени тонови, а материјалите се природни и разновидни. Мебелот е подреден на удобноста на корисникот, во светли ткаенини со меки текстури, обезбедувајќи многу простор за одмор, дружење и уживање.

Амбиентот е оплеменет со бројни уметнички дела, како грандиозна слика од Аргентина во дневната соба, како и скулптури, меѓу кои се издвојува црно торзо на постамент од егзотичен бразилски камен.

7 8 9

Испрати коментар

Scroll To Top