Гордо сместен во близина на Tower Bridge во Лондон, High Command е фасцинантен пентхаус на пет нивоа, кој е реализиран во просторот на поранешна дестилерија.
Ова е уникатен имот кој е достапен за купување во вредност од 13 милиони долари, и според познавачите веројатно вреди секој денар.
Врвниот лондонски дом нуди 420 м2 простор, има четири спални соби и три прозорци, а преку неговите прозорци се пружа извонреден поглед на модерната лондонска панорама, на сите нејзини облакодери и секако на реката Темза.
Овој дом е реставриран и трансформиран во спектакуларна резиденција во средината на осумдесеттите години на минатиот век, а сега нуди некои големи тераси до кои може да се дојде од повеќе соби.
Исто така, има и удобен простор за прием за гости, модерна кујна, каде што вниманието е посветено на деталите што се евидентни од првиот чекор кога се влегува во пентхаусот.
Идните сопственици на овој неверојатен пентхаус ќе живеат на осмиот и деветтиот кат од оваа прекрасна зграда, додека уживаат во својот мастер апартман. Исто така, тука има и посебна просторија за прием, врвна тераса, вграден плакар и прекрасна бања.
Еден дел од овој пентхаус е и купола која содржи галерија, видиковец и тераса. Секако, приватен лифт е на располагање на потенцијалните сопственици, а покрај тоа, тука е и гаражата со доволно простор за четири автомобили.