Овoj триплекс пентхаус, кој се наоѓа на Петтата авенија во Њујорк и треба да биде завршен оваа пролет, ќе донесе радост на својот нов сопственик, под услов да има 68,5 милиони долари.
The Crown Penthouse, како што се вика оваа луксузна резиденција, има префинет ентериер од околу 1000 м2 површина, со 570 м2 приватни отворени простории, заради што секој ден на сопственикот во „Големото јаболко“ ќе му биде едноставно совршен.
Објектот има прекрасен поглед на Медисон Сквер Парк и содржи 48 двособни, трисобни и четирисобни резиденции. Нудејќи врвни поволности, заедно со високите тавани и гломазни прозорци, овие луксузни резиденции имаат современ изглед и атмосфера.
Првично наменета како фабрика, оваа зграда има удобно лоби и 24-часовна услуга на домар, консиерж, фитнес центар и јога студио, како и простор за третмани. Идните сопствениците на становите во оваа зграда може да ги користат просториите за игротека и конференциска сала.
Мастер спалната соба во овој пентхаус има околу 200 м2, и има две гардероби, две бањи, библиотека, чајна кујна и посебен простор за седење, како и приватни скалила кои водат кон терасата.
Исто така, има и една прекрасна кујна, која овозможува подготовка на кој било специјалитет и можност за организирање на различни видови настани. Барови сместени во трпезаријата, на терасата и на третото ниво од пентхаусот, даваат можност за уживање во омилениот пијалак и поглед кон градот, кој никогаш не спие.