Насловна / Вести / Пентагон донира милиони долари на германските универзитети

Пентагон донира милиони долари на германските универзитети

Германските универзитети и истражувачки центри добиле 21,7 милиони долари во вид на грантови од Пентагон од 2008 година до денес, јавува Der Spiegel. До овие информации весникот дошол со анализа на податоците за буџетот на САД. Од нив се гледа дека 260 такви проекти добиле универзитети кои постојано добиваат финансиски средства од американската војска, а поддршката се однесува главно на технички дисциплини.

pentagon1

Ludwig Maximilians University (LMU) во Минхен, е најголемиот поединечен примач, кој од американското Министерство за одбрана uод 2008 година примил околу 3,7 милиони долари во 23 трансфери. Покрај тоа, овој универзитет е добитник на најголемиот поединечен грант од 1,72 милиони долари за финансирање на проект за истражување на хемикалии за евентуална замена на екплозив кој има голема примена во војската.

Според  Der Spiegel, проблемот е во фактот што многу истражувања можат да се користат и во војни и во цивилни цели (проекти со двојна намена), така што прифаќањето на финансирањето од Пентагон е „одење по жица“.

pentagon2

 

Испрати коментар

Scroll To Top