Насловна / Арт и дизајн / Пенкало на Jacob & Company инспирирано од филмот „Кум“

Пенкало на Jacob & Company инспирирано од филмот „Кум“

Во филмот „Кум“, Дон Вито Корлеоне, шеф на њујоршкото криминално семејство, открива незаборавна мудрост.

Тој вели дека „адвокатите можат да украдат повеќе пари со актовка отколку илјада луѓе со пиштоли и маски“. Не е далеку од вистината. Во реалноста, пенкалото во чанта ја има целата моќ. На сите ни е позната старата поговорка дека пенкалото е помоќно од мечот, и со тоа, можеме да се согласиме дека нема подобар начин да се прослави педесетгодишнината од прославената филмска трилогија на Френсис Форд Копола од купување луксузен инструмент за пишување.

2_resize

Славниот златар Џејкоб Арабо креирал две исклучителни пенкала, кои италијанските мајстори  ги направиле од најфини материјали.

Централните теми во романот на Марио Пузо и многу успешните филмски адаптации биле имиграцијата, семејството и чувството за дом – имено, италијанското имигрантско семејство Корлеоне кое создало нов живот во Њујорк. Оваа приказна му е позната на Џејкоб Арабо, руски емигрант, кој сега е многу успешен дизајнер на накит. Од семејниот бизнис во мало студио, создал меѓународен луксузен бренд Jacob & Company.

1_resize

Ако не сте слушнале за Jacob & Company и неговиот необичен рачно изработени накит и часовници, тогаш сигурно сте слушнале за неговите славни клиенти меѓу кои се Дејвид и Викторија Бекам, Елтон Џон и Наоми Кембел.

Пенкалото „Godfather“ на  реномираниот бренд Jacob & Company, доаѓа во две варијанти со исклучително внимание на деталите од италијанскиот производител на премиум пенкала Montegrappa – наговестување на италијанските корени на главните ликови на филмот.

4_resize

Верзијата со кулица е изработена од темен целулоиден карбон со контрастни украси од сребро обложено со розово злато. Мастилото има врв од 18k злато и механизам за полнење. Двата модели имаат мотиви познати на љубителите на „Кум“, вклучувајќи роза, куршум и цевка на револвер. Рачно изработените пенкала се ограничени на 499 парчиња и може да се нарачаат веднаш.

Доколку барате луксузно пенкало, ова е понуда што не смеете да ја пропуштите, а цената е 9.900 долари парче.

5_resize

Испрати коментар

Scroll To Top