Најновото истражување за климатските промени откри дека ќе биде невозможно да се живее во некои делови од светот поради глобалното затоплување, односно високите температури.
Покрај високите температури, ќе има и зголемено ниво на влажност што човечкото тело не може да го поднесе. Поради сите овие екстремни услови кои се очекуваат на нашата планета во следните неколку децении, животот во некои метрополи ќе биде речиси невозможен.
Истражувањето објавено во Proceedings of the National Academy of Sciences покажа дека најжешките делови на светот ќе се соочат со големи температурни предизвици кои можат да бидат ризични за здравјето на луѓето.
Еден пример е Лахор, град во Пакистан, а предвидувањата се лоши и за пристанишните градови на Црвеното Море, во Јемен. Во овие градови превисоките температури би можеле да траат и неколку месеци.
Лахор
„Некои делови од светот би можеле да бидат раселени поради рекордни температури доколку климатските промени не се забават. Доколку се случуваат вакви работи во Европа, во области каде климатизерите се ретки, а прилагодливоста на високи температури е ниска, може да има ненадејни смртни случаи и сериозни последици по здравјето на луѓето“, вели Картер Пауис, истражувач од Универзитетот во Оксфорд.
Ваквите предвидувања засновани се на истражувања кои докажале дека човечкото тело не може да се лади на критично високи температури и влажност на воздухот, па внатрешната температура на телото расте.
До средината на 21 век, според истражувањата, освен во Пакистан и Јемен, температурите ќе пораснат и во Ханој, Делхи и Дубаи.
Париз
За европскиот континент засега нема стравувања, иако во текот на претстојните лета температурата ќе се зголеми за неколку степени Целзиусови. Поради ова, да се биде на отворено ќе биде се повеќе и повеќе ризично.
Што се однесува до САД, градовите како Њујорк и Чикаго исто така би можеле да бидат загрозени од високи температури.
Њујорк