Насловна / Архитектура / Пекинг: Познатиот облакодер продаден под пазарната вредност

Пекинг: Познатиот облакодер продаден под пазарната вредност

Облакодерот во Пекинг со 39 ката, кој му е одземен на милјардерот Венгуи, кој се наоѓа во бегство во САД, е продаден на онлајн аукција за 734 милиони УСД.

Зад овој облакодер има необична приказна. Сместен е недалеку од стадионот „Птичјо гнездо“, и завршен е во 2008 година во квартот изграден за Олимпијадата во Пекинг во истата година. Но, во 2016 година, властите ја одзеле сопственоста на облакодерот, од компанијата за недвижности управувана од Венгуи. Судот во Пекинг потоа ја ставил зградата на аукција. Венгуи кој живее во САД од 2014 година, кинеските власти го бараат заради низа обвиненија, вклучувајќи измама и примање поткуп.

beijing1

beijing2

Согласно аукциската проценка, облакодерот вреди најмалку една милијарда УСД, што значи дека е продадена за околу 40% под нејзината реална пазарна цена.

Со мултинаменски простор од 1,5 милиони квадратни метри, кулата служи и како седиште на американскиот IBM. Дизајниран е да личи на змаева глава, со уште четири кули во облик на тело и опашка.

beijing3

beijing4

Испрати коментар

Scroll To Top