Градоначалникот на Пекинг најави дека градот ќе преземе чекори за подобрување на квалитетот на воздухот преку драматично напуштање на користењето на јагленот. Токму високата потрошувачка на јаглен се посочува како главен фактор за загадувањето на воздухот во Пекинг и во други делови на Кина.
Според планираните активности, уште во 2017 година целосно ќе се забрани користењето на јагленот во четири од шесте главни квартови на Пекинг. Квалитетот на воздухот во Пекинг е меѓу најлошите во светот, а неодамна градот привремено ги затвори училиштата и ги забрани градежните работи на отворено.
(извор: UPI)