Насловна / Архитектура / Пекинг добива библиотека налик на шума

Пекинг добива библиотека налик на шума

Пекинг добива несекојдневна библиотека налик на шума. Новата кинеска библиотека ќе има низа столбови во облик на дрвја, покрив како крошни, а сето тоа ќе биде врамено со стаклени ѕидови. Идејата за овој привлечен дизајн е посетителите да стекнат впечаток дека седат под дрво, додека читаат книга и уживаат во опкружувањето исполнето со светло. Изградбата е започната во 2020 година, а би требало да биде завршена до крајот на 2022 година. Зад овој проект стои студиото Snøhetta. Најавено е дека библиотеката со височина од 16 метри, ќе биде првиот кинески самоносечки проект на стаклена фасада.

beiging1

beiging2

Изгледот на шума има и практична цел – секој столб е компонента од градежната технологија со помош на која се контролира климата, осветлувањето, акустичниот комфор и собирањето на дождовницата. Степенастите пејсажни области ги повикуваат посетителите да седнат и да се одморат во пријатниот амбиент. Во оваа библиотека секој ќе може да пронајде мирно место за учење или читање, а истовремено да остане поврзан со заедничкиот простор. Оваа необична градба ќе има интегрирани соларни панели на покривот, додека загревањето на стаклената фасада ќе се контролира со вградување на активен систем за засенчување. Најголем дел од градежните материјали се набавени локално, а се користат и модуларни компоненти за да се забраза градбата и да се намалат трошоците.  

beiging3

beiging4

beiging5

 

Испрати коментар

Scroll To Top