Насловна / Вести / Пејзажот на Големиот кањон би можел да настрада, бидејќи Трамп сака да копа ураниум

Пејзажот на Големиот кањон би можел да настрада, бидејќи Трамп сака да копа ураниум

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави  план за  оживување и зајакнување на индустријата за  производство на ураниум, со цел да ја зајакне позицијата на  САД во областа на  нуклеарната енергија. Доколку  планот се  спроведе на дело, би можел да  направи еколошка катастрофа во бројни заштитени подрачја, вклучувајќи го и Големиот кањон на Колорадо.

Рударските компании веќе долго гледаат  на земјата околу Големиот кањон на Колорадо како на потенцијална мета. Поради тоа што  претходите операции на експлоатација на ураниум во тоа подрачје  довеле до истекување на токсични хемикалии  во ваздухот и водата, во 2012 е воведена забрана за понатамошна експлотација.

Меѓутоа, работната група за нуклеарно гориво во американската администрација предложила  607 хектари од околното земјиште повторно да се  отвори за рударската индустрија, и покрај тоа што бројни еколошки групи  предупредуваат на катастрофалните последици по растителниот и животински свет. Но, со новиот план се  предвидува ублажување на  условите за добивање на дозволи за рударење, кои се воведени под National Environmental Policy Act,  односно низа на правни акти за кои Трамповата администрација веќе изрази желба да ги поништи. Освен тоа, новиот план предвидува создавање на нови федерални резерви со ураниум и вложување на 150 милиони долари во нивното полнење со домашен ураниум, со што би се намалила зависноста на САД од увоз.

Потегот наидува на гласно одобрување и пофалби од страна  на рударските компании и лобистите за нуклеарната енергија, но од друга страна критичарите тврдат дека експлотацијата на ураниум во Големиот кањон на Колорадо не само што не е еколошки потег, туку тој е потполно непотребен.

coloradocanyon1

coloradocanyon2

coloradocanyon3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top