Kotchakorn Voraakhom е пејзажен архитекта, чива работа докажува дека паметниот дизајн има моќ да го подигне нивото на јавната безбедност на високо ниво. Таа доаѓа од Тајланд каде борбите со поплавите се многу чести, а последната голема катастрофа се случи 2011. година кога животот го изгубија преку 800 луѓе.
Но, таа смета дека со паметен дизајн, последиците од слични катастрофи можат да се ублажат, па дури и елеиминираат.
Нејзиното студио LANDPROCESS се специјализира за дизајн на јавни и приватни паркови кои во своите рамки ја задржуваат водата од невремињата.
Таков е на пример нивниот Chulalongkorn Centennial Park во Банкок, кој има вдлабнатини со инфраструктура за одводнување, па така водата овде се собира создавајќи вистинско мало езеро каде посетителите можат да се забавуваат со различни содржини, за по некое време водата едноставно да истече.
Следниот парк кој Voraakhom планира да го отвори ова лето е во склоп на универзитетскиот кампус во северниот дел на градот и има масивен зелен кров на кој студентите ќе можат да одгледуваат ориз и друга храна. Тој е проектиран така да може да собере 2.5 милиона галони вода, пренесува Fast Company.
Погледнете го интересниот TED говор на Kotchakorn Voraakhom: