Насловна / Вести / Пејзажно уредување на индустриските објекти

Пејзажно уредување на индустриските објекти

Во денешно време, индустриските објекти не треба да претставуваат само простор за машини, прав, загадување и бучава. Тие може и треба да бидат попријатно место за работа и деловни состаноци. Имиџот и сопствената промоција секоја компанија го спроведува преку маркетинг, но исто така и хортикултурното уредување и одржување на сопственит двор во голема мера влијае на целокупната слика за сериозноста на компанијата.

10

Хортикултурното уредување и одржување на дворовите од индустриските објекти освен од декоративна страна имаат и практична страна, пред се во поглед на борба против загадувањето и бучавата. Ваквите објекти во суштина се категоризираат во две групи и тоа: прва група објекти од полесна индустрија каде што при преработка на репроматеријалите нема испуштање на штетни гасови и прашина, и втората категорија се фабрики кои емитуваат многу прашина, чад и штетни хемикалии. Примарната цел во дворовите од фабриките е да се насадат растенија кои најдобро би ја намалиле појавата на прашина, чад и бучава. Друга важна цел е да се обезбедат доволно позиции за сенка и свежина, така што вработените во одредени моменти од работниот ден ќе може да ги искористат. Покрај тоа, високите дрвја обезбедуваат значително намалување на температурите во погоните и канцелариите, со тоа што го спречуваат нивното директно загревање.OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во фабриките од тешката индустрија на поголеми површини се врши пошумување со брзорастежни видови како што се брези, каталпи, багреми, јавори и платани. Многу важно во уредувањето на објекти кои при својот производен процес во голема мера испуштаат штетни гасови при уредувањето да не се користат зимзелени видови.

3

Тука, пред се, се мисли на видови од родот на ели кои своите иглички ги менуваат на секои 8 до 12 години. Обично кога станува збор за индустриски комплекси се работи за површини и од неколку хектари, од кои и до 40 % се под зеленило. Кај ваквите површини тревниците завземаат најголем дел, а воедно тие го даваат основниот тон на целиот пејзаж. Затоа е многу важно тревниците редовно да се полеваат, да се искосени и прихранети. За таа цел, на големи површини за да се добие убав и негуван тревник во текот на целата вегетација, вклучително и во најжешките месеци, неопходно е поставување на систем за наводнување.

2

Дворовите од фабриките кои во својот круг имаат и административни објекти, покрај садењето на високи дрвја, може да се уредат и со алпинетуми, статуи, водени објекти и слично. Освен големите дрвја кои се садат пред се, од практична причина задолжително се користат декоративни грмушки и сезонско цвеќе. Секогаш најбогато уреден двор кај ваковите објекти е влезот, од причина што при посета на странки најважен е првиот впечаток. Како и кај многу други комерцијални објекти, влезот покрај убаво уредениот партер секогаш се збогатува со сезонско цвеќе, убаво оформени грмушки и редовно косени тревници што јасно ке ги води посетителите кон административниот објект.OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во Македонија за поздравување е се поголемата заинтересираност на комерцијалните и индустриските капацитети за вложување во почиста околина, со што директно инвестираат во поздрава иднина. адинг_3

Како еден од позитивните примери е дворот на фабриката „Адинг“ која долги години наназад инвестира во здрава и еколошка средина. Со повеќе од 30% најразновидна зелена површина, компанијата заслужено има добиено повеќе награди и признанија од областа на екологијата – меѓу кои: наградата за најеколошка компанија – фирма со успешна примена на ISO 14001 и придонес за зачувување на животната средина во 2010 година и наградата за најдобро уреден двор на стопански објект во град Скопје во 2013 година. Од 2014 година компанијата има добиено А – интегрирана еколошка дозвола за усогласување со оперативен план издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.Македонија.9

1

Филип Филипоски, дипл.шум.инж.

(БИРО ПРОЕКТ, ДООЕЛ Скопје)

Испрати коментар

Scroll To Top