Во Пехчево беше означено успешното завршување на проектите за енергетска ефикасност на објектите на општинската зграда, на зградата на Домот на културата „Јане Сандански“, ООУ „Ванчо Китанов“ и детската градинка „7 Септември“.Оваа програма е финансирана од страна на УСАИД со 100 илјади долари и од општинскиот буџет со 480 илјади денари.
Во имплементацијата учествуваа „Милиеуконтакт Македонија“ и Центарот за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“, во партнерство со општина Пехчево.
На свеченоста присутните граѓани ги поздрави градоначалникот Игор Поповски, кој јавно им се заблагодари на директорот на УСАИД Џемс Стајн и на претставникот на ГЕФ програмата на Обединетите нации, Златко Самарџиев, за успешната соработка во изминатиот период и најави дека соработката ќе продолжи и во наредната 2015 година.