Насловна / Вести / Печатени ултратенки соларни ќелии

Печатени ултратенки соларни ќелии

solar pecate

Цената на соларните панели драматично падна во последните години. Од 40 USD/W во текот на 1977 година, до 0,74 USD/W во 2013 година. Трендот продолжува, а новите генерации на соларни ќелии и новите технологии носат уште поголема ефикасност и пониска цена на производство.

Ултратенките соларни ќелии можат да бидат отпечатени со помош на специјални индустриски печатачи. Нивната главна предност е лесната преносливост. Од друга страна, пак, основната пречка за нивниот развој беше релативно ниската ефикасност.solar pecate

Меѓутоа, само во последните неколку години, нивниот степен на ефикасност се зголеми од 3% на 20%. Процесот на печатење на соларните ќелии има и свои недостатоци. Иако нивната изработка е релативно евтина, машините потребни за изработка сè уште се многу скапи.solar pecate (2)

Исто така, печатените соларни ќелии се осетливи на влага. Во моментот во светот се развиваат одредени премази кои би го решиле овој проблем. Но, и покрај сите препреки, новите технологии носат посигурна и одржлива иднина ориентирана кон обновливите извори на енергија.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top