Насловна / Вести / Пазарот на недвижности во Германија се прегрева?

Пазарот на недвижности во Германија се прегрева?

European_Central_Bank_-_new_building_under_construction_-_Frankfurt_-_Germany_-_20
Германија може да се присоедини кон земјите со прегреан пазар на недвижности, во кои експертите се плашат од појава на „надуен балон“, пренесува CNBC.

Германија станува сè попривлечно место за работа и живеење. Таа е привлечно место за бизнис-емиграцијата, бидејќи многумина купуваат станови за живеење, отворајќи сопствен бизнис.

Најскапа недвижност од страна на експертите во Германија е забележана во Минхен, просечно 4,8 илјади евра за квадратен метар.

Недвижностите во главниот град се сметаат релативно евтини – 2,93 илјади евра за квадратен метар. Притоа, токму во Берлин се забележува најактивен раст на цените. Вредноста на становите во градот од 2007 година наваму е порасната за 40 проценти. Истовремено во Минхен, Хамбург и Франкфирт порастот е од 25 до 30 проценти.

Во Германија активно се гради. Како што пренесува Spiegel, вo првата половина од годинава се добиени 9,6 проценти повеќе дозволи за градење, отколку една година пред тоа. Најбарани се становите под наем, забележува списанието.

Испрати коментар

Scroll To Top