Paysend, глобална финтек компанија сo седум милиони клиенти, објави дека го отвора својот нов Европски технолошки центар во Белград. Новиот технолошки центар ќе се фокусира на развој на софтвер и производи, и претставува потврда на репутацијата на Србија како една од водечките технолошки центри во регионот, со растечка заедница на познати високотехнолошки компании и финтек стартапи. Целта на Paysend е директно да придонесе во некои од иновативните технолошки иницијативи на кои во моментот се работи во Србија, вклучувајќи ја соработката со Народната банка на Србија на тестирање на платни решенија и производи за плаќање на банките, потоа, придружување на иницијативата Дигитална Србија и сл.
Paysend е интегриран глобален екосистем на плаќање од следната генерација, кој им овозможува на потрошувачите и компаниите да плаќаат и испраќаат пари било каде и во било која валута. Седиштето на компанијата е во Велика Британија, а функционира во над 150 земји.