Деновиве, Швајцарија го претстави проектот на својот национален павилјон за претстојниото Експо во Осака, презентирајќи го на светската јавност резултатот од конкурсот на кој со заеднички труд победија Manuel Herz Architekten, NUSSLI и Bellprat Partner.
Во согласност со тематската рамка на World Expo 2025 – „Дизајнирање на идното општество за нашите животи“, швајцарскиот павилјон има за цел да го минимизира влијанието врз животната средина со употреба на лесна мембрана која овозможува брза изградба.
Транспарентен простор за прикажување иновации
Проектот претставува план павилјонот да содржи четири лесни, меѓусебно поврзани сфери, создавајќи проѕирен простор за прикажување на швајцарските иновации.
Шетајќи низ изложбениот простор, посетителите ќе имаат можност да истражуваат интерактивно и едукативно игралиште кое ја прикажува швајцарската креативност.
Кровот на павилјонот ќе служи и како место од каде ќе се ужива во погледот на Експо и ќе служи како место за собирање за време на манифестацијата.
Во согласност со темата на Експо за одржлива иднина, швајцарскиот павилјон користи лесни мембрани кои помагаат да се минимизира влијанието врз животната средина и да се овозможи брза изградба.
Во соработка со NUSSLI и други професионалци, Manuel Herz Architekten имале за цел проектирање и унапредување еколошки прфатливи градежни методи.
Генералниот комесар Мануел Сали нагласи дека изложбениот павилјон за Осака ќе биде „најлесната градба што некогаш ја изградила Швајцарија за Светската изложба“.
Фокус на три главни теми
Изложбите во павилјонот ќе се фокусираат на три главни теми: Augmented Human (роботика, AI, AR/VR), Life (животна средина, образование, здравје и исхрана) и Planet (животна средина, одржливост, клима и енергија).
Овие теми ќе бидат интегрирани во осумте тематски недели предложени од Експо, при што Швајцарија активно ќе учествува во дискусиите за глобалните прашања заедно со други соработници.
Проектиран како платформа за промовирање на Швајцарија во Јапонија, павилјонот содржи придонеси како од јавниот, така и од приватниот сектор.
Некои од партнерските организации кои се приклучиле на павилјонот во промовирањето на Швајцарија вклучуваат дизајнерски и модни куќи, како и швајцарски гастрономски и вински практики.
Дополнително, павилјонот ќе пружи можност за зајакнување на билатералните односи меѓу Швајцарија и Јапонија, објаснија за ArchDaily победниците на конкурсот.