Насловна / Архитектура / Павилјонот на Катар за Експо 2025 во Осака, проект на Kengo Kuma & Associates

Павилјонот на Катар за Експо 2025 во Осака, проект на Kengo Kuma & Associates

Претстојното Експо 2025 Осака треба да биде приказ на глобалните иновации, а новооткриениот проект за Катарскиот павилјон од Kengo Kuma & Associates е возбудлив поглед на она што посетителите ги очекува. Проектиран во соработка со Qatar Museums, павилјонот ќе биде домаќин на изложба на напредокот на Катар, а сето тоа во рамки на внимателно изработеното архитектонско дело кое ја слави меѓусебната поврзаност на Катар и Јапонија.

Павилјонот црпи инспирација од две богати културни традиции – изградбата на dhow – чамци со едра во Катар и јапонското наследство на дрвени структури. Овие новообјавени визуелизации откриваат сложена дрвена структура обвиткана во превез од бела ткаенина, потсетувајќи на едрата на чамците, кои традиционално се користат за трговија преку Индискиот Океан. Оваа суптилна фузија на елементи служи како визуелен потсетник за долгогодишните поморски врски кои ги поттикнале врските меѓу Катар и Јапонија.

Влегувајќи во павилјонот, посетителите на Eкспо 2025 Oсака ќе тргнат на патување низ сегашноста и иднината на нацијата. Под лесниот затегнат кров и неговата дрвена структура, изложбата ќе го нагласи напредокот на нацијата кон постигнување на целите наведени во Националната визија на Катар 2030 година. Исто така ќе прикаже можности за вложувања, што се достапни додека земјата ја диверзификува својата економија во рамки на Третиот национален план на Катар – Стратегија за развој 2024-2030 година. Уште повеќе, шоуто ќе ги истражува културните и трговските врски што ги поврзуваат Катар и Јапонија, нудејќи сеопфатна перспектива за односите на двете нации.

Со површина од околу 1.200 квадратни метри, павилјонот започна да се гради во април оваа година, а кога ќе биде завршен ќе биде фокусна точка за посетителите. Усогласен со темата на Експо „Дизајнирање на идното општество за нашите животи“, проектот ќе ја зајакне врската меѓу Катар и Јапонија, истовремено нагласувајќи го брзиот развој на Катар и неговиот потенцијал како водечка туристичка дестинација.

Павилјонот на Катар проектиран од Kengo Kuma & Associates се приклучува на растечката листа на иновативни национални павилјони предвидени за Експо 2025. Останатите значајни проекти ги вклучуваат етеричниот павилјон на SANAA, Better Co-being, италијанскиот павилјон на Mario Cucinella Architects, визијата на Lina Ghotmeh за Националниот павилјон на Бахреин и павилјонот на Саудиска Арабија, проект на Foster + Partners – сите заедно во рамките мастерпланот на  Sou Fujimoto.

 

Испрати коментар

Scroll To Top