Архитектонското студио Izaskun Chinchilla Architects во Њујорк го постави павилјонот наречен „Organic Growth Pavilion“ како дел од нивната победа на „City of Dreams“ за двата најдобри павилјони. Главната идеја на архитектите била да создадат простор во кој ќе ги демонстрираат архитектонските и структуралните принципи на адаптивните растенија и различни организми, притоа користејќи рециклирани материјали. Во тој контекст главната несечка конструкција е составена од веќе употребени чадори, столици и сталаци за фотоапарат. Павилјонот е покриен со дел од чадорите и тркала од велосипеди. Ваквата структура овозможува павилјонот постјано да се надградува во поголема структура или спротивно на тоа да се намали со одземање на дел од опремата.