Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Павилјон кој произведува храна и енергија

Павилјон кој произведува храна и енергија

q4u65hcsyjnzhd9h
Производството на енергија во домовите веќе од поодамна не е некоја новост.  Но, одредени иноватори одат чекор понатаму со своите идеи, па претставуваат проекти во кои ќе се произведува не само енергија туку и храна. Дизајнерот Michael Jantzen ја претстави својата визија. Павилјонот на Michael Jantzen  претставува идејно решение на проектот за Калифорниското министерство за храна и земјоделство.
5co8qibzkhxnmj3c
Проектот е направен со цел во исто време да биде и туристичка атракција. Обликот на павилјонот потсетува на брдата во Калифорнија, на кои се произведува храна. На врвот на павилјонот се наоѓаат ветерни турбини, како и соларни панели. Во зима павилјонот пасивно се грее низ големите стаклени отвори, а во лето се лади по природен пат со струење на воздухот (вентилација). За наводнување на земјоделските култури се користи дождовница, која претходно се собира преку посебен систем.

Испрати коментар

Scroll To Top